Поврзете се со нас

Италија

Милан испратил понуда за напаѓач на Ливерпул

Објавено

на

foto: x.com/acmilan

Раководството на Милан планира да доведе засилување на напаѓачката позиција уште во јануари, а италијанските медиуми шпекулираат со интересно име.

Се работи за Дарвин Нуњез кој добива чести критики за своите изданија во дресот на Ливерпул, а за кого наводно „росонерите“ испратиле и конкретна понуда до англискиот ривал.

Милан преговара за зимски заем и обврска да го откупи договорот на Уругваецот во текот на летото, а сумата би требало да се движи околу 50 милиони евра.

Проценката на италијанскиот великан е дека Нуњез ќе се снајде подобро во Серија А и во дресот на Милан и затоа сакаат да инвестираат во напаѓач кој може да испорача голема бројка голови.

Арне Слот и Ливерпул добро се снаоѓаат сезонава и без голема поддршка на уругвајскиот репрезентативец, па веројатно премиерлигашот ќе има мотиви да размисли сериозно за понудата од Италија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни