Италија
Милан има подготвено привремен наследник за Консеисао

Серџо Консеисао не успеа да ги импресионира раководните структури во Милан и се чини дека тешко ќе обезбеди договор за по крајот на сезоната, но последните резултати најавуваат дека е можен крај на соработката и пред тоа.
Вчера Милан загуби од Болоња и си ја искомплицира ситуацијата во однос на борбата за место кое води во Лигата на шампионите, а тоа е само дополнителен притисок за Консеисао, кој претходно ги провоцираше челниците и со специфичниот начин на комуникација со фудбалерите и своето однесување на и надвор од теренот.
Италијанските медиуми тврдат дека Милан има подготвено привремена замена ако дојде до ситуација за отказ, а изборот е Мауро Тасоти.
Тасоти е клупска легенда и досега работеше во стручниот штаб на првиот тим во слична ситуација, додека во моментов работи со младинските категории на „росонерите“.
„Спортмедиасет“ тврди дека Тасоти е прв избор за човек кој би можел да обезбеди пристоен финиш на сезоната за Милан, додека раководството бара долгорочно решение за клупата во пресрет на новата сезона.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)