Италија
Милан има листа од четири засилувања за зимскиот преоден рок
Милан влезе со нов тренер во 2025 година и тоа во името на Сержио Консеисао и со надеж дека Португалецот ќе може да го извлече најдоброто од актуелниот состав.
Во исто време „росонерите“ размислуваат за засилување во овој преоден рок, играч кој може да му помогне на Консеисао, па според италијанските медиуми четири имиња се во игра за офанзивата од кои две се во прв план и му се добро познати на новиот предводник на „росонерите“.
Првиот е Франциско Тринкао од Спортинг, некогашниот фудбалер на Барселона кој има учинок од 6 гола и 11 асистенции на 27 средби. Тој би можел да биде достапен за цена од околу 25 милиони евра.
Опција е и Пепе од Порто со кого Консеисао работеше во португалскиот великан и чии квалитети многу ги цени. Пепе е Бразилец, но има и италијански пасош, фудбалер кој може да ги покрие сите позиции во нападот.
Останатите двајца се Манес Аклиуш од Монако и Џејми Левелинг од Штутгарт.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…