Поврзете се со нас

Италија

Милан и Рома ремизираа, Фонсека блиску до отказ од „росонерите“ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/OfficialASRoma

Пауло Фонсека може да ја загуби својата работа во редовите на Милан, откако неговите фудбалери вечерва не успеаја да излезат како победници на дербито со Рома (1:1).

Италијанските медиуми најавија дека Португалецот е под голем притисок и раководството наводно преговара со неговиот евентуален наследник, а на Фонсека нема да му помогне освоениот бод против „волчицата“.

Милан водеше по уште една асистенција на Фофана и реализација на Рејндерс од 16. минута, но само седум минути подоцна Дибала ги врати работите на почеток.

Тој резултат остана до крајот на средбата, па Милан не ја искористи можноста да му се приближи на Јувентус, од кого има пет бода помалку и натпревар помалку.

Рома може да биде позадоволна од ремито, иако на крајот на календарската година има двојно помалку бодови од водечките Наполи и Аталанта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни