Германија
Милан и РБ Лајпциг во финални преговори за еден трансфер
Претставници на раководствата на Милан и РБ Лајпциг интензивно преговараат за реализација на јануарски трансфер, а се очекува финалниот договор да биде постигнат викендов.
Италијанските медиуми тврдат дека вчера приватен авион бил подготвен за полетување со Ноа Окафор кон Лајпциг, но преговорите заглавиле на одредени детали и крилниот напаѓач и натаму е меѓу двата клуба.
Тимот на нашиот Елиф Елмас се обидува да договори заем, со обврска за откупување на договорот по крајот на сезоната, а Милан би требало да заработи најмалку 16 милиони евра од целиот трансфер.
Претпоставките се дека испраќањето на Окафор во бундеслигата е поврзано и со отворање простор за евентуално пристигнување на Маркус Рашфорд, но Швајцарецот и онака не добиваше многу простор во тимот на „росонерите“ сезонава.
Окафор дојде во Милан од Салцбург, па за него овој трансфер ќе биде враќање во семејството на Ред Бул клубовите.
-
Англија12 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија18 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија19 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија14 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација7 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија5 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
НБА17 часа
Морант со две лудории во низа донесе драматична победа за Мемфис (Видео)