Поврзете се со нас

Италија

Милан и Јувентус во битка за фудбалер на Барселона

Објавено

на

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Милан и Јувентус се во трка за ангажман на фудбалер на Барселона кој воопшто не е во плановите на Роналд Куман.

Станува збор за играчот од одбраната, Самуел Умтити чиј договор би можел да биде раскинат и тој да стане слободен агент.

Умтити одбиваше да си оди од Барселона иако му беше јасно кажано дека нема да се смета на него, па на крај остана на „Камп Ноу“ и по завршувањето на трансфер периодот.

Според „Диарио Гол“ во моментов постои можност неговиот договор да биде прекинат, па тој сепак да ја промени средината во скоро време.

Двата  италијански клубови беа заинтересирани за Умтити и во летниот преоде рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни