Поврзете се со нас

Италија

Милан го „заборавил“ Ернандес, агентот порачува: Во фудбалот…

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Тео Ернандес веќе неколку години е дел од калчолигашот Милан, тим за кој имаше импресивни партии и дефинитивно е еден од главните играчи на екипата.

Меѓутоа и левиот бек знае да има проблеми со констатноста во формата, да се прикаже во лошо светло како што беше против Фиорентина каде забележа асистенција, но промаши пенал кој не требало да го шутира за да на крајот направи уште поголема глупост, го навреди судијата и заработи казна од два натпревари.

Овие потези, ситуации не му одат во корист, па и клубот по се изгледа тактизира со продолжување на актуелниот договор кој завршува во јуни 2026 година.

-Нема преговори, не сме разговарале за ништо четири месеци, од мај-јуни. Клубот ме контактираше, ме праша дали сакаме да останеме и дали сме среќни во Милан. Рековме да, оттогаш немме понатамошен контакт. Не добивме никаква понуда од клубот, -вели агентот на дефанзивецот, Мануел Гарсија Килјон.

Во однос на тоа дека фудбалерот бара 8 милиони евра по сезона, Гарсија вели:

-Некој ги шири овие гласини за да исфорсира лошо јавно мислење за него. Фудбалот е фудбал, сето тоа се движи многу брзо. Секој ден работите се менуваат за илјада детали. Денеска можам да кажам дека главната идеја на Тео е да продолжи во Милан, да постигне договор и да остане во клубот што е можно подолго.

-Што ќе се случи за една година? не знам. Не сакам да те лажам, затоа што навистина не знам. Ако постигне договор и го продолжи договорот, тогаш тоа не е проблем.Ако не потпише нов договор, што ќе се случи? Не сакам да лажам, не знам што може да се случи, но идејата во моментов е дека Тео е среќен во Милан, -порача агентот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни