Поврзете се со нас

Италија

Милан го потврди трансферот на Хименез, договори и засилување од Челси

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Италијанскиот прволигаш Милан денеска официјално го потврди ангажманот на напаѓачот од Мексико, Сантијаго Хименез.

Хименез имаше одлични изданија во дресот на Феенорд, а со истите си избори трансфер во еден од најголемите светски клубови. Тој се обврза дека ќе биде „црвено-црн“ до јуни 2029 година и притоа за нов број во Милано ја зема „седумката“.

Меѓутоа „росонерите“ не застануваат тука и во офанзивата договорија уште едно засилување и тоа од редовите на Челси.

Добро информираниот Фабрицио Романо пренесе дека Жоао Феликс ќе слета на „Сан Сиро“ и тоа на позајмица до крајот на сезоната.

Португалецот никако да фати ритам и се задржи на едно место, па така изминатиов период имаше епизоди во Атлетико Мадрид, Челси, Барселона одново Челси и сега оди во Милан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни