Италија
Милан го потврди најлошото сценарио за Калулу (Фото)

Милан испушти убава предност од 0:2 на гостувањето во Неапол и на крајот мораше да се задоволи со освоен бод, но овој натпревар донесе и една многу разочарувачка вест за дефанзивецот кој е клучен во одбраната на Стефано Пиоли.
Францускиот фудбалер се повреди во раната фаза на дербито и неговите гримаси не даваа добри први импресии за повредата, а на крајот испадна дека се работи за најцрното сценарио.
Калулу ја скина тетивата на мускулот и мораше да подлегне на операција, а откако истата му била успешно извршена, Милан се јави со официјално соопштение.
Клубот ја информираше јавноста дека операцијата била извршена во Финска од професорот Ласе Лемпаинен, но присутен на интервенцијата бил и претставник од медицинскиот тим на Милан.
Калулу стави крај на 2023-та година доста порано од очекуваното, а Милан информира дека планирано е да паузира околу четири месеци.
𝑷𝒊𝒆𝒓𝒓𝒆 𝑲𝒂𝒍𝒖𝒍𝒖
Official Statement ➡ https://t.co/oOgxmy6kXm
Comunicato Ufficiale ➡ https://t.co/tZlUOZFWKd
#SempreMilan pic.twitter.com/lFuORbsSXG— AC Milan (@acmilan) November 2, 2023
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг