Поврзете се со нас

Италија

Милан го потопи Јувентус во Торино, „бјанконерите“ висат за ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Милан излегоа како победници од дербито со Јувентус во Серија А, битка која беше исклучително значајна во трката за пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

„Росонерите“ се изборија за славје од 3-0, прво нивно во Торино во шампионатот од 2011 година кога Џенаро Гатузо на асистенција на Златан Ибрахимовиќ стрелаше за 1-0. Оваа вечер Ибрахимовиќ не беше ниту стрелец, ниту асистент, но некои други момци ја завршија работата и донесоа може и три круцијални бода за ЛШ.

Дијаз во судиското продолжение на првиот дел погоди за водство од 1-0, резултат со кој се замина на пауза. Во 58 минута Милан доби најстрога казна, ама истата во гол не успеа да ја претвори Кеси.

Сепак четата на Пиоли не застана и во 78 страшен погодок даде хрватскиот интернационалец Ребиќ. Точка на шоуто на гостите стави стоперот Томори на додавање на Чалханоглу во 82 минута.

Милан сега има 72 бода исто колку и второпласираната Аталанта, Наполи е четврти со 70, додека пак Јувентус е дури петти со 69 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни