Поврзете се со нас

Италија

Милан го договорил наследникот на Пиоли

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан одлучи да се раздели со тренерот Стефано Пиоли, а тоа автоматски значаше дека клубот ќе мора да се активира и бара ново решение на пазарот, соодветна опција која ќе може да ги исполни очекувањата на управата, но и на навивачите.

Како што стојат работите „црвено-црните“ се на добар пат да го затворат ова прашање и тоа со ангажман на 51-годишниот Паоло Фонсека.

Последните информации кои ги сподели секогаш добро информираниот фудбалски инсајдер и новинар Фабрицио Романо се дека Фонсека се согласил да биде предводник на „росонерите“ со договор до 2026 година. Неговата плата ќе биде 2,5 милиони евра, сума која може да се зголеми ако се активира опцијата за трета година на клупата на великанот.

Португалецот веќе има работено во Италија и тоа во Рома во периодот од 2019 до 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни