Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милан ги реши „светците“ и се врати во игра за нокаут фазата, Сити го завери местото во осминафиналето (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Фудбалерите на Милан ја забележаа првата победа во групата Ф во Лигата на шампионите, победа над Пари Сен Жермен (2-1) со која се вратија во игра за пласман во нокаут фазата.

Калчолигашот немаше дадени ниту еден гол до вечерашниот меч на „Сан Сиро“, но тоа се промени и со пресврт со погодоците на Леао и Жиру дојде до три бода со кои најави пеколна завршница во ова друштво во кое се уште Борусија Дортмунд и Њукасл.

По четири рунди „милионерите“ се први на табелата со 7 бода, ПСЖ за кого вечерва стрелаше Шкриниар е втор со 6, Милан е трет со 5, а премиерлигашот Њукасл е последен со 4 поени.

Манчестер Сити пак го завери пласманот во осминафиналето со славјето над Јанг Бојс од 3-0 во кое погодија Халанд (2) и Фоден. Во оваа група Лајпциг ја доби Црвена Звезда во Белград со 2-1 и со тоа исто обезбеди место во наредната фаза.

Во другите пресметки, Атлетико го надигра Селтик со 6-0, Лацио беше подобар од Феенорд со 1-0, додека Порто го доби Антверп со 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни