Поврзете се со нас

Италија

Милан ги договорил личните услови со Зиркзе, останува да се реши уште еден проблем

Објавено

на

foto:twitter.com/BolognaFC1909en

Милан дефинитивно притиска за ангажман на Џошуа Зиркзе од Болоња, играч кој би бил соодветна замена за Оливие Жиру кој одлучи кариерата да ја продолжи во Соединетите Американски Држави.

„Росонерите“ ќе ја платат откупната клаузула вредна 40 милиони евра, поточно сега работат на други детали за комплетирање на операцијата.

Според неколку извори клубот се разбрал со Холанѓанецот за личните услови, поточно офанзивецот би играл на „Сан Сиро“ за плата од 4 милиони евра по сезона.

Сега останува само уште еден проблем, провизијата за агентот кој бара 15 милиони евра, додека пак калчолигашот е спремен да плати 10 милиони евра.

Арсенал и Манчестер Јунајтед внимателно ја следат ситуацијата, па ако Милан има проблеми да ја затвори зделката тогаш сигурно нема да биде изненадување ако притиснат и се обидат да го ангажираат 23-годишниот голгетер кој на сениорско ниво има играно уште за Баерн Минхен, Парма и Андерлехт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни