Италија
Милан е прв клуб кој направил конкретен чекор за разочараниот Олмо
Дани Олмо не ја крие разочараноста од фактот што не може да биде регистриран од Барселона за вториот дел од сезоната, но неговиот агент неколку пати потенцираше дека не планира да го напушти шпанскиот клуб.
Сепак, никој не може да предвиди кога Барса ќе го реши проблемот и како ќе размислува Олмо наредниот период, а многу европски клубови ја следат ситуацијата и посакуваат да го добијат шпанскиот репрезентативец како слободен агент.
Италијанските и каталонските медиуми пренесуваат дека Милан е клубот кој прв направил конкретен чекор, но со опција која е поприфатлива за Барселона, а тоа е шестмесечен заем на Олмо.
„Росонерите“ се подготвени да ја покриваат платата која Шпанецот ја добива во својот актуелен клуб, а по крајот на сезоната тој ќе може да се врати во матичниот клуб и во поразлична ситуација да добие регистрација која веќе нема да му создава проблеми.
На овој начин Олмо сигурно ќе добие сериозна минутажа, а ќе продолжи да игра и во Лигата на шампионите, додека клубот ќе се ослободи од притисокот поврзан со неговиот случај.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија21 час
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија22 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Шпанија20 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси