Поврзете се со нас

Италија

Милан договорил уште едно засилување, Бразилецот одбрал специјален број

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Милан активно работи на засилување на екипата и се очекува наскоро да бидат промовирани играчи кои ќе им се приклучат на веќе официјализираните Алваро Мората и Страхиња Павловиќ.

„Росонерите“ веќе затворија една операција и тоа е онаа за Емерсон Ројал од Тотенхем, поточно сега се чека само потврда од клубовите. Медиумите пренесуваат дека зделката ќе биде 15 милиони евра, плус уште 2 милиони евра кои се возможни ако се исполнат одредени ставки во договорот.

Според „Газета Дело Спорт“ Бразилецот ќе пристигне во недела, а во понеделник ќе ги мине медицинските тестови.

Емерсон веќе и го избрал бројот со кој ќе настапува, тоа е бројот 22 кој во минато го имаше легендарниот Кака кој остави голема трага во Милано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни