Поврзете се со нас

Италија

Милан договорил шпански фудбалер за кого нема да плати отштета

Објавено

на

Фото:https://twitter.com/acmilan

Раководството на Милан успешно ги завршило преговорите со едно од посакуваните засилувања за следната сезона, а медиумите тврдат дека се работи за шпанскиот фудбалер Хуан Миранда.

Договорот на 23-годишниот фудбалер со Бетис истекува во јуни, па Миранда ќе пристигне во Милано без отштета, односно како слободен агент, што е дополнителна предност на овој одличен трансфер на „росонерите“.

Миранда ќе биде големо освежување на позицијата лев бек, бидејќи Милан во моментов нема класична поддршка за Тео Ернандес, па тренерот Стефано Пиоли ќе има уште една квалитетна опција која ќе го намали и притисокот врз Французинот.

Според медиумите, единствената дилема е дали Милан ќе чека до јануари за овој трансфер или ќе го забрза процесот па ќе реши со минимална отштета да го добие Миранда уште во зимскиот преоден рок.

Миранда потекнува од младинската академија на Барселона, а во Бетис се пресели во 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни