Англија
Милан договори трансфер на прецртаниот напаѓач со јасна цел: Да тргне со полна пареа по Рашфорд!
Сержо Консеисао предизвика позитивен шок во Милано и една недела по пристигнувањето го донесе трофејот од Суперкупот, триумф кој секако значително ќе влијае врз самодовербата на играчите кои делуваа загубено и конфузно под водство на Пауло Фонсека,
Консеисао го извлече максимумот од фудбалерите кои ги наследи од својот сонародник и извојува две дерби победи над Јувентус и Интер, но Златан Ибрахимовиќ и останатите директори на клубот планираат да му исполнат неколку желби на Португалецот во зимскиот преоден рок.
Прва и главна мета е носење на елитен напаѓач, а прва цел е ангажман на Маркус Рашфорд кој се соочува со навистина тежок и непријатен период во Манчестер Јунајтед.
Оваа операција се очекува да биде тешка и сложена, но Милан како клуб веќе прави простор за Англичанецот, такашто ослободи место во својот тим со договорен трансфер на Ноа Окафор.
Прецртаниот напаѓач од новиот тренер не уживаше минутажа и во системот на Фонсека, па Милан уште во воведните 10 дена од трансфер пазарот му договори премин во Ред Бул Лајпциг, клуб кој ќе го добие на позајмица до крајот на сезоната, со опција да го откупи за околу 25 милиони евра.
Како што јавуваат италијанските медиуми, оваа зделка е целосно договорена и само се чека Окафор да ги мине медицинските прегледи во Германија, по што Милан како клуб планира да тргне со полна пареа по „замрзнатиот“ играч од Рубен Аморим.
Рашфорд дефинитивно мора да пронајде излез од „Олд Трафорд“ овој јануари, а како што стојат работите, најреална и најлогична опција во моментов е Милан.
-
Светски првенства16 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства15 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија17 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија15 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Шпанија17 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Шпанија21 час
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија23 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…
-
Англија23 часа
Гвардиола: Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал…