Поврзете се со нас

Италија

Милан договори ново засилување за оваа сезона: Изненадувачко име стигнува на „Сан Сиро“

Објавено

на

blank

Од таборот на Милан како што стојат работите и дефинитивно обезбедија ново засилување за следната сезона.

Нов фудбалер на клубот од „Сан Сиро“ ќе биде Јенс Петер Хауге кој доаѓа од редовите на Бодо Гимт, клуб кој се соочи со Милан во квалификациите од Лига Европа.

Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио пренесуваат дека е постигнат конечен договор меѓу двата клуба и дека  се договорени и личните примања на играчот кои ќе ги има во Милан, па се очекува во следните денови и официјално да се реализира трансферот.

Дека истиот е пред реализација потврди и самиот Хауге во инетрвју за медиумите во Норвешка.

– Јасно е дека Милан е голем клуб. Ова е навистина голема работа откако работите станаа реалност во последните неколку денови. Мислам дека можам да останам смирен и да се борам за место во тимот на МИлан.

– Возбудливо е да се види што може да донесат следните денови, јас мислам дека се ќе се заврши наскоро. Ова е вистинска одлука за сите инволиврани страни, – изјави Хауге.

Хауге е млад 20 годишен фудбалер кој настапува како крилен фудбалер и во првенството на Норвешка минатата сезона постигна 14 погодоци и запиша девет асистенции на вкупно 17 натпревари што е феноменален учинок.

Оваа сезона во квалификациите за Лигата на Европа Хауге на три натпревари постигна три погодоци и запиша две асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни