Поврзете се со нас

Италија

Милан доби добри вести пред пресметката со Аталанта

Објавено

на

Составот на Милан успешно ја реши првата пречка и го совлада Удинезе на отварањето на сезоната во Серија А, но тоа е веќе зад шампионот кој сега фокусот го има ставено на битката со Аталанта закажана за 21 август во Бергамо.

Ова ќе биде уште поголем тест за избраниците на Стефано Пиоли, па секој играч ќе мора да го даде максумумот, да даде придонес за освојување на трите бода. „Росонерите“ добија добра вест пред овој натпревар, а истата е поврзана со Сандро Тонали.

Тонали се повреди на пријателскиот дуел со Виченца и го пропушти дуелот со Несторовски и компанија, но според италијанските медиуми тој денеска почнал да тренира со екипата во Миланело и ако нема нешто неочекувано ќе биде во комбинација за дуелот од втората рунда од Калчото.

Раде Круниќ и Исмаил Бенесар беа играчите кои ја покриваат средината на теренот на дуелот со Удинезе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни