Поврзете се со нас

Италија

Милан доби добри вести пред дербито со Лацио

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Екипата на Милан утре му гостува на Лацио во мечот со кој ќе биде отворено 27. коло во Калчо лигата, меч во кој двете екипи ќе бараат позитивен резултат.

Во пресрет на истиот „росонерите“ добија добри вести затоа што по долго време тренерот Стефано Пиоли ќе може да смета на дефанзивецот, Фикајо Томори.

Томори се повреди на 22 декември во дуелот со Салернитата и мораше да пропушти дури 13 натпревари во сите конкуренции, но сега повредата е надмината и тој ќе биде повикан за соочувањето со лацијалите, информација која ја потврди стратегот Пиоли.

Стоперот во сезонава одигра 16 средби во Серија А и даде три голови, а беше активен и на сите шест дуели во ЛШ.

Средбата на „Олимпико“ се игра од 20:45 часот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни