Поврзете се со нас

Италија

Милан доби добри вести пред дербито со Интер

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан не се прослави на соочувањето со Ливерпул во Лигата на шампионите каде доживеа пораз од 3-1, но простор за враќање назад, тагување нема затоа што следи нов голем тест, ново дерби овојпат во домашниот шампионат и тоа против Интер.

Битката за Милано е закажана за 22 септември од 20:45 часот со тоа што за истата „росонерите“ добија две добри, позитивни вести.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека повредите на капитенот Давиде Калабрија и голманот Мајк Мењан не се сериозни и двајцата ќе биде во комбинација за соочувањето со „нероаѕурите“.

Италијанецот и Французинот не го доиграа мечот со Ливерпул и постоеше страв дека ќе го пропуштат важниот натпревар, ама се е во ред со нив и тренерот Фонсека ќе ги има на располагање.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни