Италија
Милан чека шанса да го „грабне“ Дибала

Милан по подолго време дојде до пехарот во Серија А, успех кој дефиниитвно донесе нова енергија, возбуда, надеж дека клубот конечно ќе се врати на патеките на кои заслужува да биде.
Веќе нареднава сезона ќе покаже дали минатава кампања била само блесок на „росонерите“ или едноставно се работи на вистински начин, односно тимот ќе биде во позиција да се бори за титулите во Италија и да биде што поконкурентен во Европа.
Многу од тоа ќе зависи како Милан ќе го одработи овој летен преоден рок во кој шампионот е доста мирен иако се поврзува со неколку играчи, ама нема комплетирано значаен трансфер. Тоа може да се случи во иднина и според „Газета Дело Спорт“ тоа може да биде Пауло Дибала.
Дибала е не мета на Интер кој се обидува да го „врзе“, ама засега се е отворено и ова му остава простор на градскиот ривал да проба да го ангажира Аргентинецот. Пауло за неколку дена ќе биде слободен играч и ќе може без проблеми да ја избере новата средина, а ако тоа биде Милан ќе мора да прифати значително помала плата.
Паоли Малдини и Рики Масара го имаат главниот збор во трансфер политиката на „црвено-црните“ и останува да се види дали Дибала кој за Јуве даде 115 гола на 293 може да го облече дресот на седумкратниот европски шампион.
-
Македонијапред 3 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 19 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 20 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 16 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата