Поврзете се со нас

Италија

Милан беше на добар пат да се посрамоти, но потоа направи чудесен пресврт (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан беше на добар пат одново да се посрамоти и да претрпи четврти пораз во низа во Серија А, но кога изгледаше дека избраниците на Консеиосао не наоѓаат решение пред голот на Лече, следеше автогол кој ги врати гостите во игра.

Натпреварот на „Виа дел Маре“ имаше навистина чуден тек бидејќи на Милан му беа поништени два гола поради офсајд во раната фаза, па тоа направи погодокот на Крстовиќ да донесе изненадувачко водство за Лече.

Истиот играч погоди и вторпат во 59-та минута за целосен шок и незадоволство на клупата на Милан, а тоа го натера Консеиосао да направи две измени, а уште претходно во игра влезе Рафа Леао.

Направените измени предизвикаа немир во одбраната на Лече, па многу брзо Милан се врати во игра со автоголот на Гало, кој потоа се покажа како иницијална каписла за режирање чудесен пресврт.

Пет минути подоцна, Пулишиќ беше прецизен реализатор на најстрогата казна за која се избори самиот, а американскиот репрезентативец се претвори во јунак за „росонерите“, бидејќи го постигна и голот за победа од 2:3 во 81-та минута.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни