Поврзете се со нас

Боречки спортови

Мила Рељиќ „за тренинг“ освои сениорски медал, сега ќе патува на младинско!

Објавено

на

Мила Рељиќ од таеквондо клубот „Тигри“ викендов освои златен медал во конкуренција сениорки, во категорија до 62килограми, на меѓународниот таекводно натпревар „Винер Израел Опен“ кој е дел од Г2 серијата на меѓународните светски натпревари.

На ова натпреварување учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи, од 25 земји во светот, меѓу кои и велесилите во овој спорт како САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија и други.

Македонската спортистка во борбата за златениот медал ја победи репрезатативката на Израел, Наама Биненсток, а потоа во финалната борба, со доминација ја победи и освојувачката на бронзениот медал од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина.

Ова е прв златен медал за 19-годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб пред два месеци, на овој начин уште еднаш ја докажа својата светска класа.

– На Мила и претстојат нови настапи, од кои очекувам нови успеси. Европското клубско првенство се одржува од 22-26 август во Талин, Естонија, додека европското првенство за млади до 21 година ќе биде на крајот на месец септември во Албанија. Ултимативно се надеваме на успех и на светското првенство во ноември месец во Мексико,- изјави Александар Ефтимов, тренер на Мила Рељиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни