Македонија
Миќовиќ имаше кошаркарска симултанка, МЗТ го победи ТФТ

МЗТ Скопје успеа да се рехабилитира од тешкиот пораз кој го претрпе од Партизан во АБА лигата, такашто денеска победи на првиот меч во македонската кошаркарска лига во 2023-та година.
„Металците“ наидоа на жесток отпор од ТФТ во првото полувреме кое заврши со резултат 54:54, но како одлучувачка се покажа третата четвртина во која домашниот тим ја направи клучната разлика.
Македонскиот првак го доби овој дел до 28:9 и си обезбеди предност од 19 разлика, која на крајот се покажа како недостижна и покрај неверојатната серија на ТФТ на стартот на последниот период.
Тимот од Тафталиџе отвори во последната четвртина со 12:0, потоа дојде и на само минус четири (83:79), но во тие моменти загуби здив и последната серија на МЗТ се покажа како пресудна за конечниот резултат.
МЗТ одговори со 8:0 и победи 91:81, а најдобар играч на паркетот беше Страхиња Миќовиќ кој имаше брутално издание со 34 поени и 17 скокови.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Балканпред 24 часа
Озил решил да ја заврши кариерата среде сезона
-
Шпанијапред 6 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час