Поврзете се со нас

Англија

Микел за ѕвездата која се обидува да ја донесе во Челси: Се однесувам како агент…

Објавено

на

Foto:instagram.com/mikel_john_obi

Џон Оби Микел повеќе од една деценија го носеше дресот на премиерлигашот Челси, период во кој имаше можност да се израдува на голем број на трофеи во сите конкуренции во Англија, но и во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Тој е легенда на „сините“ и како таков сака клубот да биде успешен што денеска е проблематично и покрај многуте вложувања по заминувањето на Роман Абрамович.

Челси сигурно ќе биде активен и на лето, а една е од желбите е да се донесе напаѓачот, Виктор Осимен. Членот на Наполи е интересен за неколку топ клубови, па Микел се обидува да влијае и помогне сонародникот да заврши на „Стемфорд Бриџ“.

-Мислам дека има вистински интерес меѓу двате страни (Челси и Осимен). Мислам дека го сака клубот, сака да дојде во клубот, очигледно сака да ги следи моите стапки како нигериски играч кој играл за Челси, како Моузес, Бабајаро, нема многу. Лондон исто така, фантастичен град, наместо да одите во Ливерпул или такви места, сакате да живеете во Лондон. Но тој е интересен за ПСЖ, Манчестер Јунајтед, но јас сè уште притискам, му испраќам пораки, се обидувам да се осигурам да не очекува премногу, само да се фокусира на еден клуб: Сините!

-Јас се однесувам како агент. Го туркам. Се надевам дека ќе дојде во клубот, бидејќи ќе донесе толку многу во клубот. Мислам дека единственото нешто што ни недостасува, секој што го гледаше финалето [Карабао купот] во недела ќе забележеше дека единственото нешто што ни недостасува е да даваме голови. Ни треба тој напаѓач кој ќе постигнува голови. Тоа е она што Виктор ќе ви го даде. Тој не е највештото момче, но голови дефинитивно гарантира, -порача Џон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни