Поврзете се со нас

Европски првенства

Микаутадзе влезе во елитно друштво со ефектот во групната фаза на ЕП

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/GeorgiaGff

Грузија обезбеди историски пласман во осминафиналето на ЕП во Германија, а успехот е надграден со одличната игра на Квича Кварацхелија и продолжување на гол серијата на Жорж Микаутадзе.

Актуелниот напаѓач на Мец асистираше за голот на Кварацхелија и реализираше од белата точка на дуелот со Португалија, со што успеа да се запише во листата на стрелци и на третиот натпревар во групната фаза.

Грузиецот досега е најдобар реализатор досега на ЕП, но серијата од барем еден гол на секој натпревар е нешто што успеале да го постигнат само осум играчи во историјата на европските првенства.

Со својот ефект, Микаутадзе им се приклучи на Мишел Платини (1984), Алан Ширер и Христо Стоичков (1996), Саво Милошевиќ (2000), Милан Барош и Руд ван Нистелрој (2004), Герет Бејл (2016) и Кристијано Роналдо (2021).

Противник на Грузија во осминафиналето ќе биде досега перфектната Шпанија, а Микаутадзе ќе го дочека овој дуел како единствен фудбалер со 3 постигнати погодоци на ова ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни