Формула 1
Мик Шумахер добива шанса во Формула 1 многу порано од предвиденото: Две легенди веруваат дека ќе вози за..
Синот на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер,Мик би можел да дебитира во Формула 1 уште оваа сезона.
Пред младиот 21 годишен пилот се предвидува светла иднина во најсилното формула натпреварување, но мали беа шансите тој оваа сезона да седне во Ф1 болид.
Сепак, според размислувањето на две легенди во Формула 1 спортот, Мик Шумахер би можел да добие шанса за настап на трките и оваа година, некаде кон средината на сезоната.
Сепак, за тоа да се случи треба да се поклопат некои работи, а Ник Хајдфилд и Ралф Шумахер сметаат дека голема е веројатноста Мик да го замени Антонио Џовинаци во болидот на Алфа Ромео кој е поврзан со Ферари.
– Добрата работа во семејството Шумахер е што тие знаат точно што да прават и не сакаат тој прерано да влезе во Формула 1, -изјави Ник Хајдфилд за „Скај Спортс“.
Поранешниот пилот на БМВ и Вилијамс смета дека 2020 година сепак нема да биде премногу рано за 21 годишниот Мик да се докаже на Ф1 патеките.
Чичкото на Мик, Ралф Шумахер смета дека тоа што Кими Раиконен е на залезот на кариерата, а Џовинаци не прикажува најдобри партии може само да го забрза патот на синот на Михаел Шумахер кон Формула 1.
– Кими Раиконен наскоро може да ја заврши кариерата, а Антонио Џовинаци не е толку силен, па јас сметам дека возач како Мик може да добие шанса, -изјави Ралф Шумахер, а на овие негови зборови се надоврза Ник Хајдфилд.
– Нема да се изненадам ако го видиме Мик оваа сезона. Ако тој одлично си ја заврши работата во Формула 2, а Џовинаци има проблеми како минатата година, нема да бидам изненаден ако Мик седне во жешкото столче и на средината на сезоната, -заклучи Хајдфилд.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично