Балкан
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга

Предраг Мијатовиќ е еден од најпознатите играчи од Балканот кои имаат триумфирано во шпанската Ла Лига, бидејќи после фантастичните изданија во Валенсија, Пеџа направи транссфер во Реал Мадрид и се прокламираше како вистинска ѕвезда.
Како играч кој доаѓа од старата југословенска школа, Мијатовиќ во својата кариера мина и тензичен транзициски период предизвикан од политиката, која сепак не влијаела врз неговите лични размислувања и убедувања.
Во последното обраќање за шпанските медими, Пеџа открива дека јавноста извршувала притисок за да има омраза од српските и црногорските кон хрватските фудбалери, но судбината посака еден од неговите најдобри пријатели да биде токму Хрват.
– Политиката си го направи своето, но ние играчите немавме чувство дека се случува нешто сериозно. Проблемите почнаа во 1992-ра година кога се пласиравме на Европско првенство. Хрватите не сакаа да патуваат, Србите и Црногорците сакаа. Истото важеше и за Босанците и Македонците, едни сакаа, други не.
– Јас можам да зборувам за мене, мене не ме интересираше војната. Мој најголем пријател потоа беше Давор Шукер, со него никогаш немавме разговарано за војната. Давор е насмеан човек, секогаш ведар и полн со позитивна енергија. Бевме цимери долги години и понекогаш се шегувам со мојата сопруга. Имам спиено повеќе со Шукер отколку со неа, – на шега вели Мијатовиќ.
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Англијапред 8 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 24 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Лига на шампионипред 22 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…