Поврзете се со нас

Шпанија

Мијатовиќ за притисокот на Реал врз судиите: Зошто молчиме кога ќе добиеме некој подарок?

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид отвори сериозна дебата со своето отворено писмо во кое се жали од судиите и фактот што дел од нив директно го оштетиле клубот изминатиот период, а ваквиот начин на однесување не му се допаднал ниту на Предраг Мијатовиќ.

Поранешниот напаѓач на Реал секогаш искрено ги коментира случувањата во Реал за „Кадена СЕР“, а во случајов не се согласува со клупската политика за јавно критикување и етикетирање на судиите од Ла Лига.

– Никогаш не сум бил за вакви потези во кои јасно се споменуваат судиите.

– Судиите имаат право на грешка, тие се само луѓе. Без разлика колку технологија се користи, секогаш ќе можат да погрешат и тоа не треба да не загрижува.

– Точно е дека последниот период имаше одлуки кои одеа на штета на Реал, но тоа не треба да се коментира претерано.

– Ако се направи анализа на натпреварите од последните години, има такви на кои екипата била оштетена, но и такви на кои профитирала од одредени одлуки. Со други зборови, се жалиме кога одлуките не одат во наша корист, а молчиме кога ќе добиеме некој подарок, нели? – рекол Мијатовиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни