Поврзете се со нас

Шпанија

Мијатовиќ за најомразената песна: Не можев да ги поднесам, а Реал ги покани на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChampionsLeague

Предраг Мијатовиќ гостувал во едно телевизиско шоу во Србија, а како дел од најавата за премиерната изведба е објавен делот во кој Црногорецот ја истакнува најомразената песна во неговиот живот.

Фудбалерот кој му донесе европска титула на Реал Мадрид во 1998 година вели дека не можел да го поднесе виралниот хит „Макарена“, без разлика што таа песна и неколку децении подоцна е ултра популарна во глобални рамки.

– Тогаш излезе таа песна „Макарена“. Се прашуваш што ли значи ова? Колку и да беше популарна и колку и сите да играа на неа, јас не можев да ја поднесам органски. Тоа е најодвратната песна во музичката историја.

– И ние победуваме во финалето на Лигата на шампионите после 32 години и кој ќе биде гостин на „Бернабеу“ за прославата на трофејот? Тие двајца што ја пеат песната (Лос Дел Рио).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K1 Televizija (@k1televizija)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни