Поврзете се со нас

Балкан

Мијатовиќ се отвори пред јавноста и откри колку точно изнесува долгот на Партизан: Ова е скандал

Објавено

на

Foto: Tv Arena sport/YouTube

Предраг Мијатовиќ пристигна во Партизан со цел да му помогне на клубот да излезе од тешката финансиска состојба, а бидејќи вети дека ќе работи отворено и транспарентно, денеска реши да сподели информации од финансискиот извештај кој го затекнал.

Легендарниот Пеџа на своето завршно обраќање за 2024-та година им порача на српските медиуми дека ситуацијата во Партизан е многу посложена од тоа што изгледа, па затоа тој и директорите се нашле во непопуларна ситуација да кратат трошоци и паметно да ги распределуваат финансиите.

За да престане да се нагаѓа и шпекулира, Мијатовиќ реши да открие колку точно изнесува долгот на Партизан, па со тоа изненади голем дел од фановите и симпатизерите на клубот.

– Во јавноста има многу инсинуации, а јас ќе се обидам да бидам точен и конкретен. Точниот долг изнесува 50 милиони евра и 128 илјади евра. Кон клубовите се должа 7,2 милиони евра, од кои 1,8 милиои евра се кон домашни клубови. На играчите, тренерите и стручњаците за спорт им се должи 10, 2 милиони евра, од кои на поранешните првотимци, тренери и скаути се околу 4,6 милиони евра.

– На сето ова се додава и долгот во вид на даноци. Долгот по основ на данок изнесува 22,4 милиони евра, кон менаџерите се 6,8 милиони евра, а останатите долгови се 1 милион и 400 илјади евра, – појасни Мијатовиќ, кој додава дека ова се податоци кои укажуваат дека претходната гарнитура на Партизан работела целосно погрешно и недомаќински.

– Она што не можам да го сфатам е како се давале бонуси од 10 и 20 процени на играчи кои си заминале од Партизан. Покрај договорениот трансфер и платата во новиот клуб, Партизан како клуб исплаќал процент на играчите од својата заработка како клуб. Тоа што се правело е скандалозно, – заклучува Пеџа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни