Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мијатовиќ објасни зошто неговиот контроверзен гол од големото финале не бил офсајд, Липи веднаш му одговори

Објавено

на

Предраг Мијатови беше херој на Реал Мадрид во таканаречената „Ла Септима“, односно главно име од седмата титула која ја освои „кралскиот клуб“ во Лигата на шампионите.

Јувентус влезе како голем фаворит во финалето во 1998-ма година поради ужасната форма на Реал во домашното првенство и поради големиот број на ѕвезди кои ги имаше во тимот, но на крајот како пресуден се покажа голот на Црногорецот кој отвори многу полемики, а кои повремено се актуелни и ден денеска.

Со оглед на тоа што технологијата не беше развиена до степен како денеска, никој не може потврди дека голот на Мијатовиќ кој беше клучен беше постигнат од офсајд, но затоа популарниот Пеџа објаснува зошто е уверен дека станувало збор за регуларна ситуација.

– Нормално е, оној кој губи, има право да се лути. Но, јас отсекогаш сум бил јасен. Сметам дека не беше офсајд поради реакцијата на играчите на Јувентус. Имаме играно многу натпревари против италијански тимови и знаеме како се бунат за се, бараат офсајд дури и кога нема. Во таа акција, ниту еден од нивниот тим не ја подигна раката барајќи офсајд, – објаснува Мијатовиќ, за што експресно доби одговор од Марчело Липи, човекот кој го водеше моќниот Јуве.

– Голот на Мијатовиќ беше чист офсајд, толку е едноставно. Но, сега тоа не е воопшто важно, тоа е веќе далечно минато иако во тој период многу се зборуваше за таа акција, – изјави Липи за „Кадена Сер“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни