Шпанија
Мијатовиќ ја побара вината кај Зидан и го запраша зошто константно игнорира еден играч од првиот тим

Зинедин Зидан како тренер на Реал Мадрид одново ја прифати одговорноста и ја презема вината за лошото издание на тимот против Алавес, средба на која „кралевите“ предоцна се разбудија и на крајот не успеаја да се изборат ниту за реми.
Гостите победија со 1:2 и ја продолжија променлоивата форма на Реал Мадрид од стартот на сезоната, нешто што се истакнува како голем проблем во обидот да се одржи чекорот со водечките тимови во Ла Лига кои во моментов се Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид кој има и натпревар помалку.
Зидан не можеше да пронајде точно објаснување за новиот значителен пад во играта по доброто издание против Интер, но за разлика од него, легендарниот Предраг Мијатовиќ нагласи дека Французинот погрешил со својата стратегија на почетокот на мечот.
– Зидан има проблеми за решавање, но се започнува со начинот на кој го подготвувате натперварот. Се знаеше дека Алавес во нападот има три силни момци, па сметам дека Лукас Васкез не смееше да го врати назад. Лукас имаше одличен натпревар против Интер како крило, а сега беше вратен на десен бек, – вели Пеџа кој не сфаќа зошто Зизу не му дава шанса на Милитао дури и во ситуација кога нема стопер и десен бек.
– Го има Милитао како опција во одбраната, навистина не знам што се случува со тоа момче. Не игра ниту како стопер, ниту како бек. Наместо него, како бек игра Лукас Васкез, а тоа особено е лоша варијатна кога во тимот е и Асенсио, играч кој не помага многу во одбрана. Лоша беше поставеноста, но бев изненаден и од Алавес кој без страв и одлучно тргна по победа, – гласи анализата на Мијатовиќ.

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 22 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!