Поврзете се со нас

Шпанија

Мијатовиќ: Халанд ќе заврши во Реал Мадрид, не ме прашувајте од каде го знам тоа!

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Предраг Мијатовиќ беше ексклузивен гостин во програмата на „Ел Чирингито“ и како соговорник на Хосеп Педрерол се осврна на теми поврзани за Реал Мадрид, од едноставна причина што Црногорецот има своја историја со „кралскиот клуб“.

Славниот голгетер отсекогаш посебно внимание обраќа на најдобрите напаѓачи во светот и во модерниот фудбал се поретко гледаме класични „деветки“, но Пеџа сепак препознава еден таков во Ерлинг Халанд.

Според Мијатовиќ, Халанд е тип на фудбалер кој потсеќа на старата школа напаѓачи кои беа убиствени во шеснаесетникот, но исто така испорача една „бомба“, потенцирајќи дека Ерлинг еден ден ќе заигра за Реал Мадрид.

Халанд пред извесно време стави потпис на договор со Манчестер Сити до 2034-та година, меѓутоа Пеџа е убеден дека Ерлинг нема да го одработи истиот во целост.

– Мислам дека Халанд ќе заврши во Реал Мадрид. Мислам дека јавно ја нема откриено таа желба, но од сигурни извори знам дека тој сака да биде играч на Реал. Го знам тоа, но не ме прашувајте од каде го знам. Ако му се предложи трансфер во Реал, тој нема воопшто да се двоуми, – вели Мијатовиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни