Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мијатовиќ го впери прстот кон Зидан: Го сакаме, ама…

Објавено

на

Шпанскиот великан Реал Мадрид немаше против одговор за Челси и доживеа елиминација од Лигата на шампионите.

Реал загуби на „Стемфорд Бриџ“ со 2-0 и со вкупни 3-1 се збогува со елитното натпреварувања за оваа сезона. По еден ваквов меч, пресметка секогаш има коментари, анализи, критики кои според Предраг Мијатовиќ ги заслужил предводвикот на „кралевите“ Зинедин Зидан.

-Челси беше супериорен во секој поглед: интензитет, ритам, создавање на шанси … Го сакаме Зидан, многу направи, но вечерва стори се погрешно. Ова ќе му нанесе голема штета на Зидан. Така беше и минатата година, но титулата во Ла Лига покри некои работи.

-Кога почнаа да играат, видовте дека играчите на Реал не сакаат да ја менуваат сликата на теренот со слабиот Винисиус Жуниор кој играше на позиција која не му одговара, Реал практично ништо не направи. Тимот е збунет, не знае што да правиме. Ќе видеме што ќе се случи во Ла Лига. Имам чувство дека Реал нуди малку за да можам да помислам дека сезоната добро ќе заврши, -вели Мијатовиќ во својата анализа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни