Поврзете се со нас

Шпанија

Мијатовиќ го впери прстот кон Анчелоти: Му бегаат работите од контрола!

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Предраг Мијатовиќ во текот на минатиот месец беше именуван како нов член од директорскиот тим на српскиот великан Партизан, но легендарниот Пеџа и натаму останува тесно поврзан со Шпанија каде има разноразни обврски поврзани со фудбалот.

Како поранешен член на Реал Мадрид, Мијатовиќ често има можност да ги коментира случувањата во „кралскиот клуб“, а новото лошо издание во Лигата на шампиони предизвика дополнителен потрес во јавноста, кој значително го зголемува притисокот и врз Карло Анчелоти.

Тешките порази од Барселона и Милан во период од десет дена дефинитивно ги прикажаа сите слабости во играта на „кралевите“, но Мијатовиќ е загрижен и поради решенијата кои засега ги нуди Анчелоти.

– Изданието на Реал Мадрид беше жално за гледање. Тимот изгледаше навистина жално. Во последно време, тимот минува низ многу тежок период и мој впечаток е дека работите полека му бегаат од раце на Анчелоти.

– Со измените кои ги направи, не изгледаше како човек кој знае од каде треба да почне со подобрувањата. Тие измени не изгледаа позитивно за враќање на тимот. Карло направи измени со цел да се подобри играта, но тоа воопшто не се случи. После две или три години во кои се освои се, можеби е дојдено до релаксација.

– Во моментов гледам малку решенија за играта на тимот. Не знам дали Анчелоти има капацитет да го извлече ова, не знам дали веќе е способен да ги мотивира овие играчи, – потенцира Мијатовиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни