Поврзете се со нас

Свет

Мијатовиќ го опиша Меси и не остави никого рамнодушен: Ако го сакате фудбалот….

Објавено

на

Предраг Мијатовиќ е жива легенда на Реал Мадрид и во својата ера беше еден од најдобриоте напаѓачи во светот, а како човек кој се испроба и во директорските води како спортски лидер на „кралевите“ од 2006-та до 2009-та година, добро знае што значат ривалствата со Барселона од секој поглед.

Незаборавниот црногорски голгетер беше синоним за тресење на противничките мрежи во Шпанија и најмногу ќе се памети по тоа што му ја донесе титулата во Лигата на шампионите на Реал во незаборавното финале со Јувентус, но иако е тесно поврзан со сите активности и случувања во Реал и ден денеска, популарниот Пеџа е максимално искрен кога се во прашање фудбалските квалитети на Меси.

– Меси растеше во Барселона и одбележа една фудбалска ера. Тешко може да замислите што ќе се случеше ако беше во Реал. Одбележа една ера и се уште прави работи кои и пркоста на природните закони. Ако ти се допаѓа фудбалот, мора да ти се допаѓа Меси.

– Без разлика дали си од Реал или не. Не можам да го замислам како играч на Реал, но сигурно ќе успееше и во Мадрид. Не го гледам во друг дрес освен во оној на Барса.

– Ќе мине доста време додека да видиме играч како Меси. Неверојатно е тоа што уште му преостануваат добри работи, има уште што да покаже. Мора да го почитувате, начинот на кој игра, на кој се однесува, на кој живее, начинот на кој дава голови. Разноличноста во неговата игра е нешто посебно, уште долго нема да има играч како него, – заклучува Пеџа во разговорот за програмата „Super Deportivo“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни