Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мијатовиќ директен: Винисиус Жуниор никогаш нема да стане легендарен играч ако…

Објавено

на

Најдобрата шпанска екипа во оваа сезона Реал Мадрид успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите и тоа откако го доби двомечот со РБ Лајпциг со вкупни 2-1.

Составот од „Сантијаго Бернабеу“ имаше проблеми, покажа недостатоци како на соочувањето во Германија така и во Шпанија, меѓутоа она што е најважно за него е местото меѓу осумте најдобри во најквалитетното натпреварување на стариот континент.

Предраг Мијатовиќ како поранешен фудбалер и функционир на „кралевите“ го поздрави пласманот, но според него се друго треба да се избрише затоа што едноставно не било добро.

-Единствено што можеме да се задржиме е пласманот, останатото подобро е се да се избрише. Ниту анализирањето на овој натпревар може да донесе нешто позитивно, -истакна Мијатовиќ кој потоа говореше за Винисиус Жуниор.

-Дресот на Реал Мадрид не толерира вакво однесување, можеби друг тим, можеби во друг тим ќе велите во ред, но не и во Реал Мадрид. Винисиус мора да најде начин да се смири. Ако не, тој никогаш нема да стане легендарен играч, без оглед на доброто што го прави во однос на неговиот фудбал. Винисиус е непредвидлив играч што е добро, но работата е што е непредвидлив за своите соиграчи.

-Гледате како соиграчите го одвлекуваат обидувајќи се да го смират, како да разговараат со дете. Тоа исто ви го кажуваат[од клубот], без да прашувате, дека мора да го промени својот став бидејќи ги иритира противниците, па дури и неговите соиграчи, -порача Пеџа за „Кадена Сер“.

Мијатовиќ: Овој потег на Винисиус е резултат на фрустрација, не го разбирам…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни