Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мијатовиќ: Анчелоти не е истиот човек…..

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Предраг Мијатовиќ го впери прстот кон Карло Анчелоти по болниот пораз кој го претрпе Реал Мадрид од Милан во Лигата на шампионите, но прославениот црногорски напаѓач продолжува во ист стил и по новиот неуспех на „кралевите“ во елитното натпреварување.

Тимот на Дон Карло го претрпе третиот пораз во петтото коло и сега ќе мора да игра за место во баражот во преостанатите три рунди, но според Пеџа, позагрижувачки е тоа што играчите кои добија шанса на „Енфилд Роуд“, во принцип воопшто не ја оправдаа довербата.

Во стартниот тим имаше играчи како Брахим Дијаз и Арда Ѓулер кои обично почнуваат на клупата за резерви, а иако големиот број на повреди не му прави услуга на Анчелоти, Пеџа воочил една промена која не му се допаѓа.

– Повредите се најлошото нешто што може да му се случи на еден тренер, а токму тоа му се случува на Анчелоти. Но, јас добивам впечаток дека тој почна да ги задоволува сите оние кои кажуваат нешто отстрана. Ова момче игра малку, тој играч треба да игра повеќе…..

– Неговата филозофија не беше таква, даваше минути според заслуга и навистина многу му одеше добро со тој принцип. Кога во клуб како Реал Мадрид ги исполнувате желбите на некои други, се случува тоа што се случува во моментов. Не треба да се бара виновник, но имам чувство дека Анчелоти не е истиот човек од минатата сезона, – заклучува Пеџа.

Мијатовиќ го впери прстот кон Анчелоти: Му бегаат работите од контрола!

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни