Мијатовиќ: Ако Зидан се врати во Реал, зошто не и Мурињо?

jose-mourinho

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ не гледа никаква причина и пречка Жозе Мурињо да се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралевите“ имаат проблеми со формата и никако не можат да влезат во посакуваниот ритам, па дел од медиумите почнаа да пишувааат, зборуваат за можно заминување на Зидан ако резултатите не се подобрат, односно да го споменуваат Мурињо како негов наследник.

Самиот Зидан призна дека му пречат сите тие гласини и дека сака уште долго да остане во Реал, меѓутоа дефинитивно тоа ќе зависи од успесите и играта на екипата. Мијатовиќ го почитува Зидан, но од друга страна не гледа зошто Мурињо во иднина не би добил втора шанса во Реал.

-Ако Зидан се врати, нешто за кое јас не верував дека никогаш ќе се случи, зошто Мурињо да не се врати во Реал? Сите тренери кои минале низ Реал сакаат да се вратат затоа што сакаат да ги поправат работите што ги правеле за време на своето време во клубот. Ама Реал има тренер, неговото име е Зидан и тоа треба да го почитувате, -истакна популарниот Пеџа.

Facebook Коментари