Поврзете се со нас

Македонија

Михајловски: Нема да има пари како порано, ама Вардар пак ќе биде при врвот

Објавено

на

Михајло Михајловски како што стојат работите за кратко време треба да го преземе Вардар од Сергеј Самсоненко, односно да направи кам-бек во тимот во кој во минатото беше прв човек.

Меѓутоа повеќе од јасно е дека Вардар ќе биде сосема поинаков тим од тоа што беше изминативе години под водство на Русинот, но желбата, амбиците се клубот да биде конкурентен за борба на сите фронтови.

Овој период е можеби и најтешкиот во клупската историја. Веќе не е тајна дека сме во фаза на разговори околу преземање на клубот, очекувам се да биде потпишано во најскоро време. Според мене, ова преземање на Вардар е во најтешкиот период на неговата историја бидејќи од една страна имаме пандемија на корона, а од друга пад на економија, кога компаниите ќе можат со големи потешкотии да го помогнат клубот. Морав да реагирам затоа што Вардар е составен дел од мојот живот, не можев да дозволам РК Вардар да згасне, како што тоа му се случи на Кометал ЃП, кој стана европски шампиона, а по една година згасна. Имам познанства со бројни успешни бизнисмени од нашата држава и се надевам дека дел од нив ќе го прифатат мојот предлог и да бидат дел од овој проект во кој влегувам за да помогнам, –вели Михајло во интервјуто за „Спортско Радио 90.3“.

Имав состанок со ракометарите пред десетина дена, им кажав дека сакам да го преземам клубот и тој да остане на ова ниво, да игра во ЛШ и да бидеме дел од четвртфинале што е оптимистичко во моментов. Кратко им се обратив и им кажав: Прво да одлучат дали сакаат да останат во Вардар, второ под кои услови би останале. Повеќето од нив се свесни дека веќе не можат да имаат такви договори, не само поради заминувањето на Самсоненко, туку бидејќи економската ситуација во цела Европа нема да биде како што беше и сите клубови ќе ги намалат своите буџети. Во принцип голем дел од нив покажаа желба да останат во клубот, јас би рекол дека оние кои ќе бидат „флексибилни“ во однос на висината на договорите ќе останат, а оние кои мислат дека ќе можат да продолжат да играат и да ги заработуваат истите пари како и досега, ќе можат да заминат од Вардар. Во текот на наредните денови ќе бидат јасни многу работи , во фаза сме на наоѓање на спонзори и формирање на буџет со кој ќе располагаме, а потоа ќе седнеме со ракометарите на маса и ќе пресечеме кој од нив ќе остане, а кој ќе си замине од клубот-порача Михајловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни