Поврзете се со нас

Свет

Михајловиќ: Сите плачевме во соблекувалната по натпреварот со Македонија

Објавено

на

Синиша Михајловиќ излезе како победник со тешката болест и дури и во корона услови успева да одговори на повиците кои ги добива од медиумите, а во своето последно онлајн излагање кое го имаше за емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“.

Покрај тоа што нагласи дека менталитетот на Балканот е навистина лош и дека се смета за многу поценет во Италија, популарниот Миха се огласи и за неочекувано кратката епизода која ја имаше како селектор на Србија, а која ја заврши со победа на натпревар токму против нашата фудаблска селекција.

– Секој кој се обидува да воведе нешто ново во селекцијата, против себе има голем број луѓе. Сакаат да ти тргне лошо. Само јас имав храброст да променам нешто и во квалификациите се виде дека има напредок. Можев да останам, имав договор уште две години, но си заминав бидејќи атмосферата не беше добра. На последниот меч ја победивме Македонија со 5:1 и сите плачевме заедно во соблекувалната. Не можев да останам бидејќи губев премногу енергија на глупости кои немаат никаква врска со фудбалот, – потенцира Михајловиќ.

Лошата работа во Федерацијата не е единствениот лош спомен за Синиша, кој вели дека и фудбалските „експерти“ веднаш се јавуваат и ве плукаат без никаква причина.

– Во сите фудаблски земји, селекторот е како претседателот, втор човек во државата. Нашиот народ е таков, јас во Италија сум поценет отколку во Србиоја. Прво викаат дека си „цар“, а после неколку меча дека си „куртон кој нема врска со фудбалот“. Ние како народ сме најлоши за себе, – заклучи Србинот кој сега е тренер на Болоња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни