Михајловиќ по отказот од Торино: Од фудбал се префрлам на бокс

miha-ceska

Синиша Михајловиќ остана без ангажман откако заработи отказ од италијнаскиот прволигаш Торино, а во својата последна изјава не крие дека е лут за начинот на кој бил отпуштен.

Српскиот стручњак остана без работа по поразот во четвртфиналето на Купот од Јувентус, а вели дека претседателот Урбано Каиро не му се ни јавил да му ја соопшти одлуката.

– Му благодарам на претседателот што ми овозможи да бидам тренер на Торино, но разочаран сум бидејќи не најде време да ми се јави и да ме информира дека сум отпуштен. На тој натпревар едноставно немавме среќа бидејќи судиите ја потврдија својата погешна одлука.

– Ете сега дојде новиот тренер (Валтер Мацари) кој го смени тимот и формацијата и победи со 3:0. Јас ќе почнам да се занимавам со бокс, ми се допаѓаат контактните спортови, – изјавил Михајловиќ.

Facebook Коментари