Поврзете се со нас

Италија

Михајловиќ ќе добие отказ по потопот од Интер, италијанска легенда ќе го заземе неговото место

Објавено

на

Болоња претрпе убедлив пораз од Интер од 6-1 на вечерашното гостување во Милано, пораз кој може да биде кобен за тренерот Синиша Михајловиќ.

Имено „Тутомеркато“ пренесува дека во Болоња веќе размислуваат за смена на Михајловиќ по овој дебакл и покрај тоа што екипата има освоено седум од можните 12 бода во досегашниот дел од Серија А. Меѓутоа претходно Болоња беше и шокирана од второлигашот Тернана во Купот на Италија, па сето ова прави управата да размислува за отказ за српскиот стратег.

Истиот овој извор информира дека прв пик за наследник на Михајловиќ е легендата на италијанскиот фудбал, Даниеле Де Роси. Де Роси беше дел од стручниот штаб на Роберто Манчини на Европското првенство на кое Италија дојде до пехарот.

Даниеле повеќе не е таму и ако ја преземе Болоња ова за него ќе биде прво самостојна тренерска работа во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни