Михајловиќ излезе од болница за да ја води својата Болоња, фановите не го криеја задоволството (Видео)

miha-kapa

Како што најавија италијанските медиуми ова попладне, Синиша Михајловиќ вечерва се појави на клупата на Болоња, за да биде дел од премиерниот меч во новата сезона во Серија А.

По 40-дневна терапија, Миха денеска беше пуштен од болница и веднаш се упати кон стадионот на кој сосема очекувано, доби огромна поддршка. Миха се појави со капче на главата поради фактот што од тешките терапии ја има загубено косата, а неговото присуство крај аут линијата предизвика голема радост меѓу фановите на Болоња кои му изразија огромна поддршка од трибините.

Facebook Коментари