Поврзете се со нас

Италија

Михајловиќ: Ибра сигурно нема да остане во Милан, му остануваат две опции

Објавено

на

Синиша Михајловиќ има навистина близок однос со Златан Ибрахимовиќ и беше во постојан контакт со него пред Швеѓанецот да донесе конечна одлука да се врати во Милан, но само неколку месеци подоцна, искусниот голгетер е повторно во фокусот на вниманието, бидејќи ова лето ќе биде слободен да преговара со друг клуб.

Популарниот Миха сега тврди дека Ибра нема намера да остане во Милано откако стана јасно дека турбуленциите во клубот не се минато, па во разговорот кој го имаше со Иван Ивановиќ, тренерот на Болоња потенцира дека феноменалниот напаѓач има две опции.

– Ибра ми се јави пред неколку дена и ќе видиме каква ќе биде одлуката која ќе ја донесе летово. Сигурно не останува во Милан, прашање е само дали ќе ни се приклучи нас, или пак ќе се врати во Шведска, – вели Михајловиќ.

Во истото обраќање, српскиот стручњак и накратко објасни зошто има навистина специјален однос со Златан, човек кој е подготвен да ја засили Болоња само поради цврстото пријателство со Миха.

– Ибра ме третира поинаку од останатите, внимава што зборува и како се однесува со мене. Тоа е така бидејќи опасните луѓе се препознаваат еден со друг, – заврши Михајловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни