Михајловиќ со друга верзија: Не тргнал да се пресметува со фан, туку со вулгарен полицаец

miha-fan

Увертирата на вчерашното финале во италијанскиот Куп меѓу Лацио и Аталанта ни донесе една луда ситуација, односно камерите го „уловија“ легендарниот Синиша Михајловиќ како се симнува од автомобилот за да се впушти во толпата фанови на домашниот тим кои беа обезбедувани од полицијата.

Во прв момент се протолкува дека актуелниот тренер на Болоња влегол во конфликт со неколку навивачи на Лацио, а бидејќи токму оваа верзија ја пренесоа и италијанските медиуми, сега легендарниот играч на тимот од престолнината на „Газета дело Спорт“ и откри дека тргнал да се пресметува со еден член на органите за безбедност.

Популарниот Миха бил наречен „циганско гом..“ од еден од полицајците, поради што бесно излегол од автомобилот за да се пресмета со припадникот на силите кои избегал и се измешал во толпата специјалци. На видеото може да се забележи како останатите полицајци го смируваат разбеснетиот Михајловиќ, а дека всушност е точна оваа втора верзија потврди и сопругата на Србинот.

– Испадна дека станува збор за претставник на силите кои требаше да воведуваат ред, – потврди Аријана Рапачиони.

Facebook Коментари