Поврзете се со нас

Боречки спортови

Михајлов на прием во АМС по бронзата на ЕП во Прага

Објавено

на

ФОТО: АМС

Македонскиот каратист Љупчо Михајлов освои бронзен медал на неодамна одржаното Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржа во Прага, Чешка.

Тоа беше одличен повод за директорот на Агенција за малади и спорт, Наумче Мојсовски, да му посака уште многу успешни натпревари и првенства на младиот каратист. Во знак на благодсарност за овој голем успех му врачи плакета за постигнатиот успех.

Воедно директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски им искажа благодарност на сите спортисти кои не прават горди со своите европски и светски достигнувања.

На патот кон освоениот медал, Михајлов оствари пет победи, меѓу кои и таа против Италијанецот Рамос во борбата за бронзен медал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни