Поврзете се со нас

Македонија

Михаилов замина, Вардар остана без тренер по две кола од новата сезона

Објавено

на

Еден ден по победата над големиот ривал Пелистер, Вардар остана без тренер и ќе треба да бара замена за досегашниот предводник Горазд Михаилов.

Клубот денеска официјално соопшти дека соработката со Михаилов е завршена на барање на тренерот и му се заблагодари за досегашната работа на клупата на Вардар, екипа на која успеа да и обезбеди опстанок минатата сезона.

– Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните.

– Горазд Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во ПМФЛ, а покрај тоа оствари и значајни резултати, кои секако дека остануваат да сведочат за професионализмот и посветеноста.

– Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици, – стои во соопштението на Вардар.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни